
За нас
SsangYong e најстариот Kорејски производител на автомобили, Пионери и Иноватори кои креираат нови вредности секогаш внимавајќи на желбите на корисниците, а одсега SsangYong доаѓа и кај нас во Македонија преку нашата компанија Аутомакедонија АД.
АУТОМАКЕДОНИЈА АД е компанија која е формирана во 1946 год и која со текот на годините е израсната во една од водечките компании од автобизнисот и воопшто во Македонија со салони, сервиси, представништва и продавници во Скопје, Битола, наскоро и во други градови од регионот. Во склоп на Аутомакедонија АД се застапништвата и овластени сервиси за Opel, Chevrolet, Isuzu, Piaggio Commercial, Bridgestone, Firestone, Dayton tires, Liqui Moly, BRC LPG Italy, и комапниите АМ Церт, АМ Брокер, СИЦ AM испиен центар Битола, Auto 1 Rent
Ние сме моќна компанија која својата големина ке ја зголемува и со воведување на Брендот SsangYong во Македонија кој е производителот исклучиво на СУВ возила, пионери и специјалисти во светот на СУВ возилата. Постојано воведувајќи иновации и фокусирајќи се на возила со погон претежно на четири тркала, SsangYong има визија да стане најиновативната и најпочитуваната автмобилска Корејска компанија во Свет
Како врвен производител во автомобилската инсдутрија, SsangYong е почитуван зарди својот напреден стил како и извонредни перформанси како на своите мотори така и на возните каратеристики и својства на возилата, заради што влегува и во соработка со Mercedes во 1992год.
Компанијата влезе во ерата на возила со погон на четири тркала во осумдесетите години од минатиот век независно развивајќи ги Musso и Korando, а после 2000 година се представува со цела линија на СУВ возила, при што во семејството ги додава и Rexton, Tivoli I Korando.
Korando претставува најстариот СУВ Модел на SsangYong. Истиот е совршен спој на семејно возило за во град, но и одличен СУВ за долги патувања истражувајки предели надвор од градот.
Rexton, е знаменосец возило на SsangYong, претставува премиум Full-size СУВ возило, со врвни теренски способности и воедно мускулест современ дизајн, за секојдневно уживање на пат без разлика на условите.
Tivoli претставува компактен урбан СУВ кој ги дели моторите и менувачите со поголемиот брат Korando и токму поради тоа располага со одлични возни особини и идеални пропорции за секојдневно користење во градскиот метеж.
Muso Grand, го заокружува семејството на SsangYong, истиот е најголемиот pick up во класата со 5405mm должина, со над 1000кг носивост како и 3,5 тона влечење приколка, но со фактот дека покрај платформата и моторот со Rexton делат и многу други опционали кои од Musso Grand може да направат и луксузнен Pick Up за возбудливи патувања и авантури.