Сервис

За врвни перформанси на Вашето SsangYong возило во и вон гарантниот период, Аутомакедонија како овластен увозник, дистрибутер и сервисер на SsangYong за Македонија Ви ја нуди широката палета на резервни делови со оригинален квалитет, набавени директно од производителот – SsangYong.

Оригиналните резервни делови на SsangYong имаат фабричка гаранција од 24 месеци.

Компанијата располага со одлична залиха (магацин) на резервни делови што се обновува и дополнува на секои 7-15 дена.

За возила на SsangYong постари од 5 години можете да добиете специјален попуст при купувањето на резервни делови, потрошен материјал и оригинални аксесоари..

Во Сервисниот центар на Аутомакедонија се вработени голем број на инжинери, мајстори и професионални работници со долгогодишно искуство во работата и голем број на специјалистички обуки и курсеви.
 
Тимот на инжинери е на директна, линковска врска со Техничкиот центар на SsangYong со кој се комуницира на дневна база.
 
Во сервисниот центар се користат оригинални резервни делови и потрошен материјал со одлични цени и 24 месечна гаранција на квалитетот.
 
Сопствениците на возило од гамата на SsangYong може да аплицираат и за специјалната Клуб картичка со која добиваат многу поволности и бенефиции при користењето на услугите во Аутомакедонија и партнерските компании во земјата.
 

СИТЕ УСЛУГИ НА ЕДНО МЕСТО

Во контекст на основната определба на компанијата – на нашите клиенти да им ги понудиме “Сите услуги на едно место”, во комплексот на Аутомакедонија функционира и компанијата АМ ЦЕРТ во која можете да ги добиете и следните услуги :

  • Tехнички преглед
  • Регистрација
  • Меѓународна возачка дозвола
  • Дозвола за управување на туѓо моторно возило во странство
  • Хомологација
  • Атест на плински уреди и клима фолии
  • Атест на поправани и преправани возила
Во рамки на Групацијата, на истата локација, функционира и брокерското друштво – АМ БРОКЕР, во кое можете да извадите :
 
  • Полиса за авто одговорност
  • Полиса за каско осигурување
  • Зелен картон
  • Полиса за осигурување на патници

Сервисниот центар на Аутомакедонија е сместен во населбата Автокоманда во Скопје (16 Македонска Бригада бр.2), спроти Шумарскиот факултет.

Дополнителни информации и закажување на сервисен термин на тел. 02 3103 130 или на e-mail : kontakt@automakedonija.com.mk