Преглед

SsangYong new Tivoli - Adembenemend mooi. Verrassend handig.

Новиот Korando е вистински кросовер, кој знае како совршено да ги комбинира предностите и присуството на SUV со удобноста и управувањето со седан. Со Deep control технологијата за асистенција на возачот, тој прави значаен чекор кон автономното возење и со тоа обезбедува поголема безбедност и удобност. Korando е подготвен за иднината. Дали си и ти?

 

Дизајн

Впечатливиот “машки” изглед на Kornado, уште повеќе доаѓа до израз со доследната примена на LED техноголијата преку футуристичкиот дизајн на задните светла, интегрираните LED светла во браниците и со карактеристичниот изглед на предните фарови.

Палетата на бои е внимателно селектирана да го истакне уникатното присуство на Korando на улиците.

  • Grand White
  • Grand White
  • Grand White
  • Grand White
  • Grand White
  • Grand White
  • Grand White
Grand White
New Tivoli - Compacte SUV met een sterk karakter.

Моќен изглед

Смелиот став и црната хромирана маска со висок сјај, придонесуваат за моќната SUV појава на Korando.

Динамичните линии по должината на C-столбот и страните му даваат остар и стилски профил, а задната “satin chrome” лајсна креира порафиниран, високо-класен изглед, во однос на стандардниот хром.

Атлетскиот дух е надополнет со избор на 3 модели на стилски дизајнирани алуминиумски фелни со големина од 17″ до 19″, во зависност од избраното ниво на опрема.


                        
SsangYong new Tivoli - Een nieuw gezicht voor een nieuw begin.

Ентериер

SsangYong New Tivoli interieur

ВНАТРЕШНОСТ КОЈА ГИ ИСПОЛНУВА СИТЕ ОЧЕКУВАЊА

Пространа, удобна и тивка – внатрешноста на новиот Korando ве пречекува во атмосфера која креира апсолутно чувство на удобност. Комфорното седење во сите седишта е надополнето со низа паметни детаљи во внатрешоста, како и со Infinity амбиенталното осветлување so 34 бои за прилагодување.

Сеедно дали планирате кратко патување или подолга дестинација, со Kornado уживањето е загарантирано.

SsangYong Tivoli dashboard

Секогаш поврзан

Со помош на Apple CarPlay и Google Android Auto, можете да го поврзете вашиот паметен телефон со инфо-медиа системот во секое време и на тој начин да имате пристап до бројни функции додека возите – мапи, музика, телефонски броеви и слично.

Blaze Cockpit

Со полна брзина напред во иднината! Ова е чувството што го имате кога гледате во целосно дигиталниот панел со инструменти, кој ги заменува традиционалните мерачи на брзина и истовремено е поврзан со системот за навигација.

SsangYong Tivoli - Trendy en jong

Технологија

СИЛНА ИЗВЕДБА

Korando доаѓа со бензински мотор од 1.5 литри GDI Turbo, со вртежен момент при мали брзини, што овозможува брзо забрзување кога е тоа потребно. Овој модерен мотор испорачува 280Nm вртежен момент на 1500 до 4000 rpm и 1.5 тони капацитет за вчечење.

Дизел моторот од 1.6 литри испорачува моќност од 136 ks без никаков напор при секакви услови на возење, 324Nm вртежен момент на 1500-2500 вртежи и капацитет на влечењр од 2 тони.

Систем за режим на возење

Кај моделите со автомаски менувач можете да изберете еден од трите режими на возење: Normal, Sport или Winter.
Секој режим обезбедува најдобри перформанси и најголема безбедност, соодветно на условите на патот и возната динамика.

  • Normal е стандардниот режим наменет за секојденевно возење
  • Sport режимот испорачува поголема моќност, при малку зголемена потрошувачка на гориво
  • Winter го стартува возилото во втора брзина за да спречи пролизгување на тркалата на замрзнати површини и во зима.

Напреден погон на сите тркала

Опционалниот 4×4 систем ја оптимизира распределбата на силата помеѓу предната и задната оска, обезбедувајќи најдобар можен пренос на моќност и доволна тракција на секоја површина на патот и во секоја ситуација на возење.

SsangYong Tivoli - Zuinige benzinemotor en dieselmotor

6-степен мануелен менувач

И бензинскиот GDI Turbo и дизелскиот мотор се достапени со  6 брзински AISIN автоматски менувач кој овозможува глатко менување на брзини со максимална ефикасност во потрошувачката на гориво.

Моделите со автоматски менувач стандардно доаѓаат со ISG – Idle Stop & Go system, го гаси моторот кога автомобилот не е во брзина, со што се намалува потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови.

Безбедност

БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО. СЕКОГАШ И СЕКАДЕ.

Корандо е опремено со активни системи за предупредување и контрола за да се минимизираат ризиците во сообраќајот и да се спречат несреќи.

SsangYong Tivoli - actieve veiligheidssystemen

ПРИЛАГОДЛИВ ТЕМПОМАТ (IACC)

IACC користи радарски информации и камери за да одржува безбедна брзина и растојание од возилото напред. IACC соработува со Lane Center After Assist, кој работи не само на автопатите, туку и во градот. (Само со АТ Пак)

ДЕТЕКЦИЈА НА ВОЗИЛА (EAF)

Ако сакате да излезете од паркинг додека пристигнува друго возило, EAF ќе ве предупреди со звучен сигнал и светкава икона на таблата со инструменти.

ПРЕДУПРЕДУВАЕ ЗА БЕЗБЕДНО РАСТОЈАНИЕ (SDA)

SDA постојано ја следи брзината и растојанието до возилото пред вас и ве предупредува со звучен сигнал, ако растојанието за сопирање помеѓу возилата не е безбедно.

АВТОНОМНО ДВИЖЕЊЕ (FVSA)

Кога е во мирување, FVSA ви дава појавувачки сигнал и звучен сигнал кога автомобилот ќе започне да се движи.


7 воздушни перничиња

1 воздушно перниче за возачот
2 воздушно перниче за совоозачот
3 воздушно перниче за колената (возач)
4, 5 странични воздушни перничиња предни (лево / десно)
6, 7 воздушни перничиња завеси (лево / десно)

SsangYong nieuwe Tivoli 7 airbags