SsangYong new Tivoli - Escape from the ordinary

Новиот TORRES

НЕОЧЕКУВАНА АВАНТУРА

Преглед

SsangYong new Tivoli - Adembenemend mooi. Verrassend handig.

Инспириран од спектакуларниот поглед на националниот парк Torres del Paine во Патагонија

Националниот парк Torres del Paine со својот спектакуларен крајолик кој опфаќа планини, глечери, езера и реки се наоѓа во јужниот дел на Чиле и е означен од страна на UNESCO како една од 10-те најважни области во светот за зачувување на биолошката разновидност.

Оттаму и името на новиот SUV го отелотворува чувството на авантура, предизвик и бегство и ја претставува слободата за истражување.

Дизајн

Надворешниот изглед на TORRES произлегува од новата дизајнерска визија и филозофија на SsangYong – „Powered by Toughness“. Цврст, но со современ стил, тој во голема мера се потпира на карактеристичното и автентичното дизајнерско наследство на брендот, разликувајќи го од останатите “слични” теренци во класата.

Предниот дел на новиот TORRES вклучува вертикална решетка на ладилникот што дава чувство на цврст и груб изглед, додека дизајнот на задната врата носи елемемент кој наликува на носач на резервно тркало за да го даде тој автентичен теренски карактер.

 

  • Grand White
  • Grand White
  • Grand White
  • Grand White
  • Grand White
  • Grand White
  • Grand White
Grand White
New Tivoli - Compacte SUV met een sterk karakter.

Паметен, дигитален и интуитивен

Torres ја минимизира употребата на физички копчиња, истовремено обезбедувајќи јасна комуникација, лесни операции и практичност.

Информациите се прикажуваат на 3 посебни екрани, вклучувајќи и 8 инчен екран на допир кој е интуитивен и лесен за користење.

SsangYong new Tivoli - Een nieuw gezicht voor een nieuw begin.

Ентериер

SsangYong New Tivoli interieur

Прошири го хоризонтот

Седењето зад широката, тенка и современа контролна табла ви дава чувство на пространост и непрекинат поглед на патот пред нас. Без разлика дали возите низ градот или на пат кон планините, уживајте во пејзажот ко се отвора пред вас и во чувството на возбуда во секој следен свиок.

Амбиентално светло

Мекото и лукзузно амбиентално светло може да се прилагоди во една од 32-те расположливи бои, ја нагласува внатрешноста, а може да се прилагоди и ноќе за да спречи отсјај и да создаде чувство на смиреност.

 

SsangYong Tivoli dashboard

Додека надворешноста на TORRES оддава груба, цврста атмосфера, внатрешноста е наменета да прикаже понежен, удобен и современ простор.
Можете да го конфигурирате вашиот TORRES за да одговара на вашиот индивидуален стил со избор на внатрешни бои – сива, каки, црна или кафена. Возачкото седиште се прилагодува електрично во 8 насоки и доаѓа со дво-насочна лумбална поддршка за да го постигнете точното ниво на удобност, комфор и релаксација.

Удобноста на ергономските седишта  надополнета со функцијата на греење и вентилација.

Натовари се и тргни!

Torres има најголем капацитет на багажен простор во класата – од 703 до 1662 литри, голем багажен простор кој доликува на теренец со средна големина.

Има и дискретен и скриен простор под подот за товарање, за уште поефикасно искористување на просторот и поголема безбедност.

Овој огромен и употреблив простор ќе стане дел од вашиот нов стил на живеење.

 

 

SsangYong Tivoli - Trendy en jong

Технологија

Моќен, динамичен и забавен

Каде и да ве одведе вашето следно патување, ќе уживате во возењето со Торес. Неговиот турбо бензинец со директно вбризгување и глатка
ефикасна трансмисија реагира брзо уште на самиот страт, покажувајќи одлични перформанси во реални услови на возење.
Почувствувајте ја забавата и контролата што ја добивате од оптимизираните режими на возење: нормален, спортски и зимски режим на возење
со автоматскиот менувач и нормалниот и спортски режим на управување со рачниот менувач.

1.5 GDI TURBO Бензин

Следејќи го глобалниот тренд на помали мотори со високи перфроманси, овој агрегат испорачува максимален вртежен момент од ниски 1500 вртежи во минута, за динамично возење во секојдневието.

Максимална моќност: 163ks / 5.000 – 5.500 rpm

Максимален вртежен момент: 280/ 1.500 – 4.000

Работна зафатнина: 1.497 ccm

 

SsangYong Tivoli - Zuinige benzinemotor en dieselmotor

AISIN Автоматски менувач со 6 брзини

Најновата 3-та генерација 6-брзински автоматски менувач AISIN избрана за некои од најдобрите автомобили во светот, дава извонредни перформанси при менување на агилно, мазно возење.

До 3 различни режими на возење

Пронајдете го вашиот стил со трите оптимизирани режими на возење (нормален, спортски и зимски) со автоматскиот менувач и два режими на управување (нормален и спортски) во комбинација со 6 степениот рачен менувач.

Безбедност

Највисока безбедност во класата, без компромиси

Со Torres, сигурноста на возачот и патниците е загарантирана благодарение на 8-те воздушни перничиња, а потсетник за безбедносен појас има на сите 5 седишта за патниците.

Torres се одликува и со највисокиот степен на искористеност на челик со висока цврстина при конструкција на кабината.

78% од конструкцијата е и изработена од челик со ултра висока цврстина.

Со спојување на иновативна интелигентна технологија во оригинален теренец со автентичен изглед, Torres испорачува сеопфатен пакет на најсовремени функции за помош при возење, што го прави еден од најбезбедните и најрелаксирачките автомобили за возење и патување.

 

SsangYong Tivoli - actieve veiligheidssystemen

AEB (Autonomous Emergency Braking)

Помага да се избегне или минимизира ризикот од судар со детектирање на возила што се движат побавно или стојат, однапред предупредувајќи го возачот.

DAA (Driver Attention Alert)

Доколку DAA системот почуствува значително намалено внимание кај возачот, звучно ќе го предупреди возачот и ќе прикаже графика со предупредување на инструмент таблата.

RCTA (Rear Cross Traffic Collision Assist) RCTW (Rear Cross Traffic Warning)

При возење наназад, доколку се детектира возило што се приближува, RCTA се огласува со аларм и автоматски ги активира сопирачките за да го запре возилото и минимизира ризикот од судар.

INTELLIGENT ADAPTIVE CRUISE CONTROL (IACC) CENTERING LANE KEEPING ASSIST (CLKA)

Секогаш кога се вози во IACC режимот на автономно возење, автоматски се одржува растојанието од возилото напред, а преку интервенцијата на воланот, возилото се задржува во својата лента.


Патот е пред вас

Без разлика дали се качува на планина или поминува низ река, Торес ќе остане сигурен на сите терени.

Со својот исклучително импресивен систем за погон на четири тркала, Торес нуди off – road способност за пример,  дури и на најтешкиот терен.

А можете да влечете брод, приколка или караван без страв.

SsangYong nieuwe Tivoli 7 airbags