SsangYong new Tivoli - Escape from the ordinary

Korando e-Motion

100% електричен SUV

Преглед

SsangYong new Tivoli - Adembenemend mooi. Verrassend handig.

Новиот Korando e-Motion едноставно го премостува јазот помеѓу традиционалното и модерното.

Од една страна, тој е најмодерниот претставник на брендот кој има повеќе од шест децении искуство во развој на моделите со погон на четири тркала.

Од друга страна – нуди сосема ново возачко искуство.

Со новиот, целосно електричен мотор ја транспортира историјата на SsangYong во новата иднина: 100% без емисија и со многу забава во возењето. Во град и на терен.

Дизајн

е- Моционален дизајн

Дизајнот на новиот Korando e-Motion e единствен и футуристички. Посебна карактеристика на дизајнот се бројните сини детали вградени во каросеријата.

Моќните линии и облици се истакнуваат со чиста и лесна енергија, токму како и технологијата која се наоѓа под хаубата.

Иднината станува многу возбудлива!

 

  • Grand White
  • Grand White
  • Grand White
  • Grand White
  • Grand White
  • Grand White
Grand White
New Tivoli - Compacte SUV met een sterk karakter.

Удобно полнење: Кога и да посакате, по ваши правила

Празната батерија можете да ја наполните на ѕиден полнач до 100% за 11 часа – на пример, преку ноќ.

Батеријата се полни до 80% за помалку од еден час, доколку користите брз полнач.

Планирајте го полнењето: Можете да го планирате времето на полнење преку навигацискиот дисплеј на централната конзола, така што ќе го сетирате времето на почеток и крај на полнењето.

Ограничување на максимум полнење: Доколку поставите максималено ниво на полнење, полнењето автоматски запира штом ќе се постигне тоа ниво.

Ограничување на струјата: За да избегнете грешки при полнењето можете да ја ограничите максималната струја при полнење со назименична струја.

SsangYong new Tivoli - Een nieuw gezicht voor een nieuw begin.

Ентериер

SsangYong New Tivoli interieur

Твојата комфор зона на четири тркала

Без разлика дали се работи за краток шопинг, семејни излети или долги патувања, Korando e-Motion со леснотија ќе ја исполни секоја задача.

Неговата внатрешност е една од најпространите во сегментот, а благодарение на големиот и флексибилен багажен простор Korando e-Motion лесно се справува со предизвиците на секојдневниот живот.

Внатре, веднаш те обзема чувство дека си во добри раце. Повеќеслојно тапацирани седишта со перфектна ергономија, доволен простор за колената и лактите, пријатни материјали и тивко пријатно возачко искуство.

Korando e-Motion: местото каде што сакаш да бидеш

SsangYong Tivoli dashboard

Ултимативен простор за опуштање

Во моментот кога ќе седнете во е-Motion седиштата, вашето тело е обземено од чувство на целосна удобност.

Перничињата на седиштата се направени од пена со поголема густина и нудат одлична поддршка за рамената, грбот и другите критични точки на притисок.

Во зависност од избраното ниво на опрема, седиштата доаѓаат со електрично 8 насочно прилагодување, греење, вентилација во 3 фази и со 4 насочна лумбална поддршка.

Просторот во внтарешноста е доволно голем за да овозможи лесно влегување и излегување.

SsangYong Tivoli - Trendy en jong

Технологија

Ново ниво на динамички перформанси

Новото потполно електрично возење на Korando e-Motion, го засенува секој претходен впечаток зад воланот на овој SUV. Силата на електромоторот се развива  без одложување, директно од мирување, без никакви грчеви во менувањето и речиси целосно без механички шум.

Korando e-Motion фасцинира!

152.2 kW Максимална моќност 

Испорачувајќи 152,2 kW и вртежен момент од 339 Nm, со Korando e-Motion ќе добиете врвни динамички перформанси. Регенеративните сопирачки ја трансформираат кинетичката енергија генерирана со сопирање, во електрична енергија за полнење на батериите.

 

SsangYong Tivoli - Zuinige benzinemotor en dieselmotor

Рачки на менувачот (контрола на регенеративното кочење)

Рачките на менувачот додаваат фактор на забава допуштајќи да го контролирате нивото на регенератино кочење заради подобрени динамички перформанси и зголемена ефикасност.

SBW (Shift by wire)

SBW вклучува традиционална рачка на менувачот во облик на буквата Т, но исто така вклучува и практична водилка со стрелка во горниот дел на рачката, за да се спречат грешки во менувањето додека сте во позиција P.

Безбедност

Сигурност која штити и спречува

DEEP CONTROL напредниот систем за автономно возење на SsangYong Motor, користи камера и радар за постојано да ја анализира околината и секоја ситуација во возењето, со цел преку интервенција во електрониката на возилото, да се ублажат опасните ситуации што е можно порано и да се избегнат несреќи.

ARP (Active rollover protection)

Заштита од превртување интегрирана со ESP, контролата на пролизгување (TC) и контрола на спуштање по надолнина.

Направен од челик со ултра висока цврстина

77% од челикот користен во развојот на Korando е челик со ултра високо ниво на цврстина, а новодизајнираната кабина уште подобро ги заштитува патниците во случај на судар.

SsangYong Tivoli - actieve veiligheidssystemen

Intelligent Adaptive Cruise Control (IACC) Со следење на линиите на лентата преку камерата свртена напред и прилагодување управувањето, IACC ја подобрува удобноста на возачот со помага да се задржи возилото во центарот на неговата лента, без оглед на брзината

Autonomous Emergency Braking (AEB) помага да се избегне или минимизира ризикот од судир со детектирање на побавно движење или застанување на возилата напред и му сигнализира на возачот.

Safety Distance Warning (SDW) го пресметува растојанието до возилото напред и го предупредува возачот во случаи кога не се одржува безбедно растојание.

Traffic Sign Recognition (TSR) е безбедносен систем кој ги препознава сообраќајните знаци и ги пренесува информациите прикажани на знакот на инструмент таблата на возачот.


Електричен SUV за сите

Градејќи на својата репутација на експерт за SUV возила, SsangYong го презеде својот следен голем чекор развивајќи го својот прв, целосно електричен SUV –  Korando e-Motion.

Наследувајќи ја практичноста и сестраноста на веќе докажаниот Korando, новиот е-Motion нуди сериозно добар изглед на SUV, подобрени сигурносни системи, но пред се екномичност, одржливост и еколошки прифатливи вредности.

Но тоа не значи компромис во поглед на возната динамика. Напротив Korando e-Motion го спојува најдоброто од двата света – моќта на SUV и задоволството на електричната мобилност, со сите нејзини предности.

 

SsangYong nieuwe Tivoli 7 airbags