Новиот SSangYong Rexton G4 пристигна во Македонија

Најновата, четврта генерација на Rexton G4 е првиот модел на корејскиот производител на премиум автомобили од SUV класата – SsangYong, кој пристигна во салонот на Аутомакедонија

Новата генерација на Rexton G4 е вистински знаменосец во палетата на Ssang Yong. Автомобил кој нуди максимална функционалност, удобност, комфор и престиж. Овој луксузен теренец со е вистински знаменосец во понудата на Ssang Yong со одлични, динамични линии, и препознатлива „оф-роуд“ ДНК која потекнува од традицијата на Ssang Yong.

Предницата е импресивна, со голема масивна маска, во чија средина е поставено логото на корејскиот специјалист за SUV автомобили. Предните светла се масивни и моќни, перфектно искомбинирани со долги дневни светла и светла за магла во LED технологија. Во задниот дел се поставени LED светла странично и на задната хауба, а на спојлерот е поставено впечатливо стоп светло, исто така во LED технологија.

Поставен на впечатливи 20-инчни алуминиумски тркала, новиот Rexton G4, го движи моќниот дизел агрегат со зафатнина од 2.157 кубни сантиметри со 181 КС, што ги задоволува строгите EURO VI норми. Може да биде опремен со шест степен мануелен или автоматски, седумстепен Е-tronic менувач.